СИЦИЛИЈА

ТАОРМИНА-ЕТНА-СИРАКУЗА-КАТАНИЈА-СИВОКА-ПАЛЕРМО-МОНТРЕАЛ-ЧЕФАЛУ-АГРИЏЕНТО-ПИАЦА АРМЕРИНА 

(15.04.2020-21.04.2020)

  

Германскиот писател Јохан Гете запишал: „Без Сицилија, Италија е како без душа. Сицилија е клучот на се“! Убавината на Сицилија не може да се опише, таа треба да се доживее… Ако на островот не Ве привлече неговата историја, моќната Етна, приказните за мафијата ниту шармантноста на Сицилијанците на кои три работи им се најважни во животот: храната, фудбалот и жените, тогаш тоа нека биде најубавиот сладолед на светот… Без оглед на тоа колку сте читале за Сицилија,  кога ќе ги отворите очите за нејзината убавина, таа ќе Ве разоружа со својот шарм… посебна, дива, возбудлива, сурова и магична… најпосакуваната летна резиденција на царевите, аристократите и банкарите!

 

 

Прв ден: 15.04.2020 (среда)- Скопје-Кавадарци-Драч

 11.00 часот заминување на групата од Скопје и во 13.00 часот од Кавадарци кон Албанија. Пристигнување на пристаништето во Драч во вечерните часови. Сместување на бродот во внатрешни и надворешни двокреветни кабини. Ноќна пловидба кон Италија.

 

Втор ден: 16.04.2020 (четврток)- Бари-Сан Џовани-Месина-Летојанни-Таормина маре

 Пристигнување во Бари околу 08.00 часот наутро. Патувањето го продолжуваме со автобус преку Италија кон Сан Џовани, местото од каде со траект преминуваме на островот Сицилија, во градот Месина. Од таму се упатуваме кон најубавото летувалиште во Сицилија-Таормина. Сместување на групата во хотел „San Pietro“    3*** (http://www.sanpietro-hotel.it ) во Летојанни-Таормина маре. Слободно време за одмор. Ноќевање.

 

Трет ден: 17.04.2020 (петок)- Етна-Сиракуза-Катанија-Таормина

 Појадок. Заминување на групата кон најголемиот активен вулкан во Европа – Етна,  висок 3340 метри кој има околу 400 угасени и неколку активни кратери. Пристигнуваме до висина од 1980 метри. Патот не води по црни бразди низ кои некогаш течела вжештената лава. Кога ќе стигнеме до надморска висина од 1000 метри се забележува се поретка вегетација, а кон врвот на вулканот има само остатоци од изладена лава и пепел. Слободно време за прошетки околу старите угасени кратери. Од таму заминуваме кон грчката колонија Сиракуза, родното место на древниот грчки научник Архимед, еден од најзначајните градови на Медитеранот. Посета на историски дел во кој се наоѓа прочуената фонтана на нимфата Arteuze-Fonte Aretusa , Градското Собрание и остатоци од Аполоновиот Храм за кој се верува дека е најстар на Сицилија, како и барокната катедрала изградена во VII век  на темелите на големиот старогрчки храм кој бил посветен на богињата Atina. Најинтересните делови во внатрешноста на катедралата се мраморниот базен, сребрениот кип на Sv. Lucije Pietra Rizza и кипот наMadonna della NeveПродолжуваме кон Катанија, преубав град на брегот на Јонското Море каде ќе прошетаме покрај Катедралата во која се наоѓа капелата на Sv.Agata -заштитничката на градот, Плоштадот со кипот на слон, дел од градот во бароктен стил со градби од црн вулкан, Универзитетскиот Плоштад, Римскиот амфитеатар… Во вечерните часови се упатуваме кон монденското летувалиште Таормина. Прошетка низ главната улица, палатата Corvaia, Црквите Sv. Katerina и Sv. Nikola, Плоштадот 9-ти април… Враќање во хотелот.  Ноќевање.

 

Четврти ден: 18.04.2020 (сабота )- Савока-Монтреал-Палермо-Чефалу

 Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон западниот брег на островот. Попатна кратка посета на едно од најубавите села во Италија-Савока. Селото ја стекнало својата популарност заради легендарниот филм „Kum“-токму тука прославениот Frensis Ford Kopola  ја снимил култната сцена на свадбата на главниот јунак на филмот, Majkl Korleone, син на мафијашкиот бос. Зборот „кум“ во мафијашкиот речник настанал по молбите на многу сиромашни луѓе некој од моќните кланови да им го крсти новороденото дете. Подоцна тоа дете било заштитетно со презимето на кумот, а кланот имал корист од децата кои ги крштевале. Патувањето го продолжуваме низ срцето на Сицилија преку фантастични патишта и пејзажи. Пристигнуваме во Монтреал, мал град сместен веднаш над долината позната по насадите со маслинки,бадеми и портокали. Посета на раскошната катедрала Duomo di Monrealeпрочуена по живописните византиски мозаици од злато во која се крштевале, венчавале и се погребувале членовите на норманските кралски семејства. Катедралата е изградена во XII век и се до XX век била веднаш до црквата Свети Петар во Ватикан и била најмноќна во Италија. Потоа продолжуваме кон Палермо, главниот град на Сицилија, петти по големина во Италија. Импресивна глетка на кралската палата Normana, катедрала од XII век која ја граделе првите сицилијански кралеви, плоштадите Kvatro kanti и Pretoria и најголемиот театар во Италија Masimo. Во вечерните часови заминуваме кон живописниот град Чефалу, бисерот на Тиренското Море. Сместување на групата во хотел „Santa Lucia“ 3*** (https://lesabbiedoro.it/). Ноќевање.

 

Петти ден: 19.04.2020 (недела)-Агриџенто-Пиаца Армерина-Чефалу

 Појадок. Заминуваме кон јужната страна на островот во областа Агриџенто. Посета на античкиот локалитет Долина на храмовите Valle dei Templi, едно од најзначајните места на островот Сицилија. Од 1997 година остатоците од дворските храмови се наоѓаат на листата на УНЕСКО како најубави споменици од античко време надвор од границите на денешна Грција. Источната зона е најимпресивниот дел од долината, бидејќи има извонредни урнатини- најзначајните знаменитости се наоѓаат по должината на главната улица Виа Сакра. Таа води кон првиот храм – храмот на Херкулес. Тоа е најстариот храм во долината и е втор по големина. Столбовите на храмот се направени од златен песок и мермерни малтери, насликани со црвена и светло сина боја. По главната улица се наоѓа Храмот на хармонијата – грчко светилиште, исклучително добро сочувано, а во западната зона првото интересно место е Алтаре Сакрифале, каде што се пренесувале како жртва волови. До него се наоѓа најголемиот доријски храм чија изградба започнала во 480 п.н.е. Giunone, храмот на богот Зевс и храмот Concordia кој не случајно е избран за лого на УНЕСКО. По завршувањето на разгледот се упатуваме кон градот Пиаца Армерина каде ќе ја посетиме уникатната сенаторска резиденција од времето на Римското Царство Villa Imperiale del Casale која до денес ги има сочувано најубавите подни римски мозаици во светот вклучени во списокот на УНЕСКО. Враќање кон Чефалу. Можност за ноќна прошетка низ шармантните улици на градот. Ноќевање.

 

Шести ден: 20.04.2020 (понеделник)- Месина-Сан Џовани-Бари

 Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон градот Месина, а од таму со траект преминуваме во Италија. Дневно патување со попатни паузи. Во вечерните часови пристигнуваме на пристаништето Бари и се сместуваме на бродот во внатрешни и надворешни двокреветни кабини. Ноќна пловидба кон Албанија.

 

Седми ден: 21.04.2020 (вторник)- Бари-Драч-Кавадарци-Скопје

 Пристигнување во Драч околу 08.00 часот наутро. Патувањето го продолжуваме со автобус. Пристигнување во Кавадарци и во Скопје во попладневните часови.

 

Промотивна цена за уплата до 25.02.2020…….. 449 евра (27.840 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………469 евра (29.080 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 25. Февруари

и целосна доплатадо 01. Април

 

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги: 

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Превоз со брод на релација Драч-Бари-Драч– сместување во двокреветни внатрешни и надворешни кабини со туш и тоалет (во двата правци)

– Превоз со траект на релација Сан Џовани-Месина-Сан Џовани

– Две ноќевања со појадок во хотел „San Pietro“  3*** во Летојанни-Таормина маре

– Две ноќевања со појадок во хотел „Santa Lucia“ 3*** во Чефалу

– Влезница за Катедралата во Сиракуза

– Влезница за Катедралата во Монтреал

– Влезница за Долината на Храмовите во Агриџенто

– Влезница за Римската вила во Пиаца Армерина

– Локален туристички водич за сите излети  вклучени во програмата 

– Организација и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Доплата за еднокреветна соба – 160 евра

– Туристичка такса –  2 евра на вечер (се плаќа на рецепција во хотелите)

– Патничко осигурување

Please follow and like us:
error
Facebook
Facebook
Follow by Email