
З Л А Т И Б О Р
ДРВЕНГРАД-ВИШЕГРАД-СИРОГОЈНО
1 ден:05/03/2020 год. Поаѓање во 23.00 часот од Скопје на паркинг кај хотел Вип со туристички автобус. Патот води преку граничниот премин Табановце, Лесковац, Ниш, Краљево…Ноќно возење со попатни одмори.
2 ден:06/03/2020 год. Пристигнување во Златибор во предпладневните часови. По кратка пауза заминување на посета и разгледување на етно селото Сирогојно со локален туристички водич каде што може да се види културата на живеење во Златиборскиот крај од 19-от век, стари занаети, аптека, уметничка галерија, автентична златиборска крчма, продавници за рачно плетени производи…Попладне враќање во Златибор. Сместување во апартманска населба. Слободна вечер. Ноќевање.
3 ден:07/03/2020 год. Појадок. После појадокот заминување на организиран факултативен излет до Мокра Гора, посета на двата града на режисерот Емир Кустурица- филмскиот град Дрвенград на Меќавник – главната куќа каде се наоѓа и кино салата, црквата посветена на Св Сава, библиотека, уметничка галерија, ресторан…,патувањето продолжува за Андриќград или Каменград – културен центар чиј творец е режисерот Емир Костурица.Пауза за посета и разгледување на стариот мост-познатиот “Мост на Дрина“ и споменикот на Иво Андриќ. Доцна попладне враќање во Златибор. Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта организирана омомартовска вечера со музика во ресторан. Ноќевање.
4 ден:08/03/2020 год. Појадок. После појадокот заминување за Македонија, со попатна посета на Врњачка бања. Слободно време за прошетка и посета на некои од изворите, бањските лекувалишта, мостот на љубовта. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА: 99 евра ( 6.100 денари)
Во цената се вклучени следните услуги:
-
Превоз со туристички автобус на дадената релација;
-
Сместување во апартманска населба на база две ноќевања со појадок;
-
Излет и разгледување на Сирогојно со локален водич;
-
Организирана осмомартовска вечера со музика во ресторан;
-
Посета на Врњачка бања;
-
Организација и пратител на групата;
Во цената не се вклучени следните услуги:
-
Излет до Мокра Гора,Дрвенград на Меќавник и Андриќград со локален водич–10 евра
-
Влезници за посетите на културно-историски споменици и музеи
-
Патничко осигурување