Врњачка Бања( Хотел Меркур Нови)

07.03.2020 (Сабота)                                      СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА 

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем рано наутро во 04.30 часот. Поаѓање за за Србија во 05.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања во пладневните часови и сместување во хотел Меркур Нови. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла ВодаРимските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење  на СПА содржините на хотелот.  Вечера. Ноќевање.

 

08.03.2020 (Недела)                      ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – КРАЉЕВО

Појадок. Можност за факултативна претпладневна посета на манастирот Жича.  Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Попатна посета на Краљево, градот каде се крунисани 7 српски кралеви, пауза за кафе или ручек индивидуално. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Вечерта Свечена 8мо Мартовска вечера со богата музичка програм. Ноќевање.

 

09.03.2020 (Понеделник)                        ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањњето се одвива со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планинрано пристигнување во во вечерните часови.

 

Цена за резервации до 31.01.2020 (Милениум Соби) – 99€/6.138 ден.
Редовна цена 119€/7.378 ден.
Цена за резервации до 31.01.2020 (Супериор Соби) – 109€/6.760 ден.
Редовна цена 129€/7.999 ден.
Цена за резервации до 31.01.2020 (Премиум Соби) – 119€/7.370 ден
Редовна цена 139€/8.620 ден.

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба.
Цени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација,
– Сместување во хотел Меркур Нови 4* во центарот на Врњачка Бања во двокреветни (Милениум, Супериор или Премиум соби);
– Свечена 8мо Мартовска вечера со богата музичка програма
– Исхрана на база 2 ноќевања со полупансион (појадок и вечера на шведска маса);
– Секојдневно користење на Аква центарот “Waterfall”: базен со термоминерална вода со температура од 28°C со топови за подводна масажа, боди-џет, масажни тушеви, гејзир, Вирпул, тепидариум (топли клупи), финска сауна и турско купатило;
– Секојдневно користење на Фитнес центарот “Mercur – Gym”: опрема за кардио програма, трака за трчање, Кростренер, собен велосипед, Твистер, Гладијатор ..
– Секојдневен влез во Велнес центарот “Fons Romanus” : финска сауна, турско купатило, инфрацрвена сауна, тепидаријум, кнајп клупи, лакониум, соба за медитација, студена соба, базен со термоминерална вода со температура од 27-32°C со подводна масажа, Кнајпов поток, џакузи, лед ледени);
– Бањарки;
– Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурвање (75ден за лица до 65год, 296ден за лица над 65год.);
– Туристичка такса 1,5€ по лице од ноќ (вкупна доплата 3€/186мкд доплата во агенција);
– Факултативна посета на манастирот Жича 5€ (доплата на лице место).

Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860мкд
– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни плаќа 35€/2.170мкд
– Дете 7-12год. на дополнителен кревет во придружба на 2 возрасни плаќа 80€/4.960мкд
– Трет возрасен на дополнителен кревет -10% (на барање)
– Намалување за сопствен превоз -10€/620мкд по патник
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620мкд (мин. 2 седишта)
– Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +45€/2.170мкд

Please follow and like us:
error
Facebook
Facebook
Follow by Email