ВИЕНА

 Автобус / 5 дена / 2 ноќевањa                                                                                                                                                                                                                                                 

06 Март (петок)                              СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 15.00 часот. Тргнување за Виена во 15.30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

07 Март (сабота)                               ВИЕНА

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот… Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

08 Март (недела)                          ВИЕНА – ВИЕНСКИ ШУМИ

Појадок. Факултативна можност за полудневен излет Виенски Шуми, со посетa на најголемото подземното езеро Зегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер. Потоа се продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и завршува во  живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

09 Март (понеделник)                   ВИЕНА – ШЕНБРУН

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Хабзбуршката монархија, кој говори за животот на многу познати личности како Франц Џозеф , Марија Антоанета и др. Посетен од милиони туристи годишно, палатата заедно со неговите градини е една од најголемите туристички атракциии во Виена. Во договорено време заминување за Скопје со попатна посета на Parndorf Fashion Outlet. Ноќно возење со попатни паузи за одмор ицарински формалности.

 

10 Март (вторник)                         СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во предпладневните часови.

 

Цена во предпродажба до 31.018.000 денари (129 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАН:  8.620 денари (139 евра)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел 3*  во Виена на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организиран разглед на Виена 10 еур ( задолжителна доплата)
  • Виенски Шуми 30 еур  ( полудневен излет  за мин. 25 пријавени лица)
  • Посета на Шенбрун со вклучена влезница 30 евра
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Влезници во музеите и културно – историските споменици
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

Please follow and like us:
error
Facebook
Facebook
Follow by Email