ОПАТИЈА

ЗАГРЕБ-ТРСТ-ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

1 ден:05/03/2020 год. Поаѓање во 19.00 часот од Скопје на паркингот кај хотел Вип со туристички автобус. Патот води на граничен премин Табановце, преку Србија, со попатни одмори до Загреб.

2 ден:06/03/2020 год. Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Следува панорамско разгледување на градот каде ќе се видат многубројни културно-историски знаменитости, главната железничка станица, плоштадот на кралот Томислав, зградата на хрватскиот народен театар, уметничката галерија…Следува разгледување со туристички водич на Горниот дел од градот: посета на Загребачката Катедралата, пазарот Долац, Камената порта, плоштадот Св. Марко каде се наоѓа истоимената црква, зградата на Владата и Парламентот, кулата Лотршчак. Посета и разгледување и на Долниот дел од градот, цветниот плоштад, православната црква Свето Преображение, плоштадот Бан Јелачиќ каде заедно со цветниот плоштад се совршени места за загребачко кафе. Слободно време за индивидуални прошетки. Попладне заминување за Опатија, едно од најмонденските места на Јадранскиот брег, сместена под планината и паркот на природата Учка. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка по Опатијска ривиера. Ноќевање.

3 ден:07/03/2020 год. Појадок. После појадокот се заминува на факултативен излет до Трст. Прошетка по плаштадот Piazza Unita. Слободно време за шопинг и посета на центарот Torri d’Europa. Попладне враќање во Опатија. Слободно време за прошетка по шеталиштата, плажите, старите Австроунгарски вили, посета на паркот Св. Јаков во центарот на Опатија, изграден 1845-1860 година кој поседува 150 различни растенија и дрва донесени од далечниот Исток, Јужна Америка и Австралија. Во паркот се наоѓа најстарата градба во Опатија-црквата Св.Јаков кој датира од 15 век. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по Опатијска ривиера со пијалок. Ноќевање.

4 ден:08/03/2020 год. Појадок. По појадокот заминување за Плитвичките езера, кои се сместени во истоимениот национален парк и представуваат своевиден бисер на Балканот, во кој се наоѓаат 16 езера од различни величини исполнети со кристална чиста вода. Езерата се меѓусебно споени со каскади и водопади од каде потекнува изворот на реката Корана. Природната целина на Плитвичките езера, прогласена е за национален парк на Хрватска во 1949 година, о од 1979 година се наоѓа и на листата на УНЕСКО. Нивно разгледување (комбинирано разгледување на езерата, движење пеш, со брод или возење со воз)….Заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден:09/03/2020 год. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА: 129 евра ( 7.950 денари )

 

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;

  • Сместување во Smart Selection hotel Istra во Опатија на база две ноќевања со појадок;

  • Разгледување на Загреб со туристички водич;

  • Излет до Плитвички езера;

  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативна посета и шопинг во Трст 10 евра;

  • Крстарење со брод по Опатијска ривиера;

  • Патничко осигурување 200 денари;

  • Влезници за посета на културно-историски споменици и влезница за Плитвички езера

Please follow and like us:
error
Facebook
Facebook
Follow by Email