МАЛТА

Медитеранскиот Бисер – МАЛТА

 

07 март     СКОПЈЕ – МАЛТА    

Cостанок на група на аеродром Скопје во 16.30 часот . Полетувањето е во 18:20 часот. Слетување на аеродром во Малта во 20:05 часот. Трансфер од аеродром до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

 

08 март  МАЛТА

Појадок. Заминување на разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон (влазница 10евра), дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло.  Во попладневните часови Факултативна екскурзија до Мдина – стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, разглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Враќање во хотел. Ноќевање.

 

09 март  ГОЗО    

Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, со можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел.  Слободно време. Ноќевање.

 

10 март                  ТРИТЕ ГРАДА         МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu, Cospicua Bormla – најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Во попладневните часови (околу 13.30 часот) организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15.55 часот. Слетување во 17:35 часот.

 

ЦЕНА за уплата до 20.12:    249€ (15.440 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:         299€ (18.540 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir
  • Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм до 8кг
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
  • Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед по програмата на Валета
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси по лице се 3.700 мкд
  • Доплата за кабински багаж до 10кг -2.500 мкд /  чекиран багаж – куфер до 10кг – 2.500 мкд *(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Факултативна посета на Мдина – задолжително 15 евра
  • Влезница за Св.Џон 10 евра – се плаќа на влез, на лице место
  • Факултативна посета на Гозо 55 евра
  • Факултативна посета на Трите Града 40 евра
  • Туристичка такса 750 мкд – се плаќа во агенција
  • Влезници за културно историските музеи
  • Патничко осигурување
  • Долата за еднокреветна соба 5.600 мкд

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.   За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. 

За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.  

За овој програм важат Опшите Услови на патување 

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

Т.А. го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. 

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.                  

 

Please follow and like us:
error
Facebook
Facebook
Follow by Email