КРАКОВ

1.Ден 05.Март 2020 / Скопје – Краков:
Тргнување на автобусите од паркингот спроти Хотел Holiday INN во претпладневните
часови. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи.
6. Март 2020 / Полска – Краков:
Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Се упатуваме на 
запознавање на градот со придружба на водич (Ридот Вавел со кралскиот дворец и
катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа,
црква Св. Марија позната по својот олтар и по огласувањето на трубите на секој час,
Флориантската улица од 14-15 век која завршува со Флориантската капија. Посета на
Еврејскиот кварт Казимерц кој се наоѓа во стариот дел и е центар на ноќниот живот
во градот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
07. Март 2020 / Краков –Аушвиц (факултативно):
Појадок. По појадокот факултативен излет до Аушвиц-Беркенау, озлогласениот
нацистички концентрационен логор кој е претворен во спомен музеј. Од 1979год е
под заштита на УНЕСКО. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои
биле затварани и сместувани Евреите. Враќање во хотел. Слободно време за
индивидуални актиивности. Вечерта можност за факултативна вечера во национален
ресторан. Ноќевање.
08. Март 2020 / Краков- Величка (факултативно) – Скопје:
Појадок. Одјавување од хотел. Факултативен излет на Величка, познатиот рудник за
сол, еден од најстарите на светот, кој од 1978 година е на листата на  УНЕСКО.
Разгледот трае околу  90 минути низ ходниците долги околу 2 км, на длобачина од

стотина метри под земја. Во попладневните часови заминување за Македонија.
Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 09.03.2020.

Цена за резервации до 31.01.2020 год: 139 евра (8.610,00 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 евра (10.480,00 мкд)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
 Автобуски превоз на релација Скопје- Краков-Скопје
 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3*/4*
 Разглед на градот Краков со водич
 Пратител и организација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
 Факултативна посета за логорот Аушвиц- 35 еур
 Факултативна посета на рудникот за сол-35 еур
 Факултативена посета на традиционален ресторан-
 Патничко осигурување 
 Индивидуални трошоци

Please follow and like us:
error
Facebook
Facebook
Follow by Email