КОПЕНХАГЕН

АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања

Image of Nyhavn Canal in Copenhagen, Denmark during beautiful sunset.

21 март     СКОПЈЕ – КОПЕНХАГЕН      

 Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11.30 часот. Полетување во 13.20,  авионот слетува во Копенхаген во 16.10 часот. Организиран трансфер  до хотел . Сместување во хотел. Вечерна пошетка за запознавање на градот. Ноќевање.

 

22 март      КОПЕНХАГЕН

 

Појадок. Разглед на средновековната Данска престолнина Копенхаген: Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен… Прошетка по најстарата пешачка зона во светот Строгет, со препознатлив „скандинавски дух“ и едноставни фасади со живи бои, канали и готски цркви. Слободно време за посета на пивницата Carlsberg и можност за дегустација на познатото данско пиво. Во вечерните часови, препорачуваме возење со брод по каналите на Копенхаген и доживување на боите на градот од морската страна. Ноќевање.

 

23 март        ДВОРЦИТЕ НА СЕВЕРЕН ЗЕЛАНД

Појадок. Препорачуваме факултативен излет до Дворците на Северениот дел на островот Зеланд. Посета на Дворецот Фредериксборг во Хилерод, најубавиот Дворец во Данска, сместен на три острови во средината на езерото. Во богато украсената внатрешност на Дворецот, е поставен данскиот историски музеј, а барокната градина во околината, е една од најубавите градини во Данска. Панорамската турнеја продолжува по данската ривиера до Елсинор, каде се наоѓа Кралскиот Дворец познат по делото Хамлет на големиот писател Вилијам Шекспир. Враќање во Копенхаген во попладневните часови, возејќи се по “Златниот брег”. Во вечерните часови, можност за посета на историскиот забавен парк Тиволи со многу атракции и ресторани. Ноќевање.

 

24 март       КОПЕНХАГЕН – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Ден за слободни активности, можност за посета на пивница, крстарење … Организиран трансфер до аеродромот. Авионот за Скопје полетува во 21.35 часот. Пристигнување во Скопје во 00.15 часот на аеродромот Александар Велики.

 

За рана уплата до 15.01:           359 евра   (22.260 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:               399 евра   (24.740 мкд)

 

Copenhagen, Denmark – May 24, 2015 – Sailing boats in Nyhavn in the city center of the capital of Denmark

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Копенхаген-Скопје

– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)

– Организиран трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром

– Сместување во Хотел 3* во Копенхаген на база 3 ноќевања со појадок

– Организиран разглед и прошетки во Копенхаген според програмата

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 3.990 мкд

– Голема кабинска торба (со димензии 50х40х23см) 2.000 мкд / чекиран куфер до 10кг – 3.100 мкд /  до 20кг – 4.100 мкд 

– Екскурзија до Дворците на Северен Зеланд  – 80 евра

– Туристичка такса 600 мкд  – се плаќа во агенција

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

– Патничко – здравствено осигурување

Please follow and like us:
error
Facebook
Facebook
Follow by Email