КИПАР

     АВИОН  4 дена / 3 ноќевања

15 март    СКОПЈЕ – ЛАРНАКА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Ларнака во 06:00 ч. Слетувањето е во 09:20 часот. Организиран трансфер до хотелот. Разглед на градот: прошетка низ најпознатата улица со палами “Finikoudes” во строгиот центар на градот, покрај која се наоѓа и прекрасната песочна плажа, Тврдината изградена за одбрана од пиратите, во определен период користена како затвор, а денес е музеј…посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот. Слободно време за прошетка низ Ларнака. Ноќевање.

 

16 март        ЛИМАСОЛ

Појадок. Предлагаме факулатитвна посета и разглед на вториот по големина град,  Лимасол. Уште наречен и ,,Кипарска ривиера” поради пријатната клима и развиената туристичка инфраструктура. Тука се најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови… На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето, во срцето на градот е Средновековниот дворец, каде што англискиот крал Ричард се оженил со Беренгарија, каде и крунисана за кралица на Англија, пазарот и пристаништето со луксузни јахти… Слободно време. Враќање во Ларнака. Ноќевање.

 

17 март       НИКОЗИЈА

Појадок. Факултативна посета на Никозија. Главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Разглед: се посетува Северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција, некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија, посета на делот од градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари, Бујук Хан – затворениот пазар, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција. Прошетка по Ледра, денес името на напопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка и слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во Ларнака. Ноќевање.

 

18 март     ЛАРНАКА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување и трансфер до аеродром 07:00 часот. Полетување за Скопје во 10:00 часот.

Слетување во 11:20 часот.

 

ЦЕНА за рана уплата до15.Јануари: 199 евра 12.340 денари

Редовна цена на аранжманот: 249 евра ( 15.440 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
  • Сместување во хотел 3* на база ноќевање со појадок
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Аеродромски такси по лице – 3.300 денари (задолжителна доплата во агенција)
  • Доплата за кабински багаж до 10кг (50 x 40 x 23 cm)– 1.600 денари 
  • чекиран багаж – куфер до 10kg – 2.200 мкд  
  • куфер до 20kg  – 2.900 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
  • Факултативна посета на Никозија– 35 евра
  • Факултативна посета на градот Лимасол – 25 евра
  • Патничко осигурување  задолжително. 

 

Please follow and like us:
error
Facebook
Facebook
Follow by Email